Со радост споделуваме дел од почетоците на создавањето на сценографијата за нашата претстава.
Овие фотографии го бележат првиот чекор од еден процес исполнет со идеи, експерименти и креативна енергија. Од првичните скици и конструкции, до оформувањето на просторот што ќе ја раскаже приказната на сцената.
Секој детал е внимателно граден, секој елемент носи своја функција и симболика. Ова е само почеток — патување што постепено се претвора во жив театарски свет.
Следете нè за да го видите целиот процес до финалната форма.